Детските фотосесии се динамични, дечињата истражуваат и играат, а фотографиите го долувуваат нивниот немирен дух и неизмерна радост. Не бркаме совршена поза, ниту бараме да стојат во место, напротив, колку повеќе се забавуваат толку поубави спомени ќе направиме за вашиот семеен албум.
Во студиото има скромен избор на облека за дечиња, кој постојано се надградува. Затоа, пред вашата сесија ќе се договориме околу облеката за да можеме да направиме спомени какви што посакувате.
На секоја фотосесија се добредојдени да се вклучат родителите и другите дечиња. Добро е кога ќе планирате што да облечете за вашата фотосесија, да одберете еднобојни парчиња за да се спојат поелегантно. За понежни фотографии добро е да одберете посветла палета, а ако сакате подраматични фотографии тогаш одберете потемни тонови. Избегнувајте да бидете облечени во иста боја.
Сите останати детали околу вашата фотосесија со задоволство ќе ви ги објаснам кога ќе ме контактирате за да ја закажете вашата фотосесија.