Фамилијарни фотосесии

што да очекувате?

Зарем има подобар начин да се раскаже приказната на една фамилија од генерациски портрет? Без разлика дали станува збор за значаен јубилеј или едноставно имате желба да ја соберете целата фамилија, во Студио Маруди ќе направиме драгоцени спомени кои ќе останат да ја раскажуваат вашата приказна на следните генерации.

 

Пред фотосесијата ќе направиме план како најдобро да се доловат индивидуалните карактери на членовите на вашата фамилија за да успееме што попрецизно да ја раскажеме вашата уникатна приказна. Класичен и едноставен или лежерен и разигран портрет, ваше е само да ми кажете какви се вашите очекувања и ќе се погрижам фотографиите кои ќе ги направиме да бидат едни од поомилените во фамилијарниот албум.  

 

Ќе ви помогнам при изборот на облека за сите да се чувствуваат природно и удобно на сесијата. Доколку сакате може да ја ангажираме Марија Топалова,  професионална шминкерка која ќе се погрижи да изгледате беспрекорно без разлика на возраста.

 

Сите останати детали околу вашата фотосесија со задоволство ќе ви ги објаснам кога ќе ме контактирате за да ја закажете вашата фотосесија.

вложете во семејните спомени

Одберете пакет кој најмногу ви одговара

.13 Пакет

времетраење до 1 час

1 облека

1 сет

10 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија

.14 Пакет

времетраење до 2 часа

1 промена на облека

1 сет

20 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија


Подготвени сте да договориме термин за вашата фотосесија?