Интересно е колку брзо ни одлетува од меморијата фактот колку биле малечки нашите бебуши кога се родиле. Понекогаш си мислам дека ако ги немам фотографиите од Марек во болница никогаш нема да верувам колку бил малечок. Пред пораѓајот, со оглед на тоа што Марек ми е прво дете, не ни мислев на тоа кои спомени ќе сакам да ми останат како фотографија за да не ми избледат од сеќавање. Попреокупирана бев со тоа сите да го преживееме маратонскиот живот со новороденче.
Затоа решив дека ако некогаш имам второ дете ќе бидам подготвена. Размислувајќи за тоа што да пишувам денес, одлучив со вас да си ја споделам мојата листа на “задолжителни фотографии“ што по втор пат нема да ги направам како полуматни селфиња, со желба да им помогнам на сите тазе мамички кои чекаат да се породат.
Пред да си ја запишете листата, добро е да ги имате на ум следниве три работи.
Облека, омилени предмети и светло!
Сите знаеме дека оние ноќници кои ги имаат во болница не се баш “фото френдли“, па добро е да си понесете нешто удобно, во една боја. Веднаш по пораѓајот мешето нема баш да го снема, па затоа одберете нешто поудобно. Добро е да му подготвите облека и на вашиот партнер. Клот маичка или џемпер во боја која одговара со она што го планирате за вас е сосем доволно.
Доколку имате некое ќебенце или играчка подготвени за бебушко, тогаш спакувајте ги во торбицата за пораѓај и вклучете ги во фотографиите.
Светлото е многу важен фактор за да направите добра фотографија. Потрудете се да откриете кое е тоа место во вашата соба.
No Comments