ФОТОСЕСИЈА НА НОВОРОДЕНЧЕ

што да очекувате?

Најомилени во студиото се најмалите бебуши, а радоста е уште поголема ако дојдат близначиња. Добро ми е познато дека пристигнувањето на нов член во домот е возбудливо и малку застрашувачко искуство, особено кога станува збор за прво дете, сепак ве охрабрувам да дојдете во студио колку што можете порано. Фотосесиите на новороденчиња зависат најмногу од возраста на бебенцето. Навреме родените бебиња можат да дојдат на сликање во првите 10 дена, а ако бебенцето, односно бебенцата се родени предвреме тогаш добро е да дојдете во првите 2-3 недели или кога ќе имаат околу 3 килограми. 

 

Овие фотосесии траат најчесто околу 3 часа, а ако се сликаат близначиња тогаш имајте предвид дека ќе ни треба малку повеќе време. Без грижи, сите потреби на бебенцата ќе бидат задоволени. Има доволно време за гушкање, хранење и успивање, а кога ќе бидат подготвени тогаш ќе ги направиме најслатките спомени за вашиот семеен албум.

 

Во студиото има избор на повивки, прекривки, ќебенца, капчиња, венчиња, облеки, реквизити, кошници, креветчиња…и што уште не. Ваше е само да си подготвите повеќе пелени, дохрана, цуцли и можеби некое омилено парче облека или играчка кои би се потрудиле да ги вклопиме на сетовите. Сѐ останато ќе биде подготвено за вас.

 

На секоја фотосесија се добредојдени да се вклучат родителите и другите дечиња. Добро е кога ќе планирате што да облечете за вашата фотосесија, да одберете еднобојни парчиња за да се спојат убаво со колекциите за бебенцата во студио. За понежни фотографии добро е да одберете посветла палета, а ако сакате подраматични фотографии тогаш одберете потемни тонови. Избегнувајте да бидете облечени во иста боја.

 

Сите останати детали околу вашата фотосесија со задоволство ќе ви ги објаснам кога ќе ме контактирате за да ја закажете вашата фотосесија.

вложете во семејните спомени

Одберете пакет кој најмногу ви одговара

.04 Пакет

времетраење до 2 часа
2 сета {бебе на ќебенце + семеен}
10 дигитални фотографии со висока резолуција
обработени во боја + црно-бела верзија

.05 Пакет

времетраење околу 3-4 часови (зависно од бебето)

4 сетови {бебе на ќебенце + 2 тематски + семеен}

20 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија

печатен Мини фотобук 

.06 Пакет

4+ сетови {бебе на ќебенце + 2+ тематски + семеен}

30 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија

професионална шминка за мама {во студио}

печатен Маруди бук

Подготвени сте да договориме термин за вашата фотосесија?