Секое семејство го советувам да побара нов термин за фотосесија доколку се чувствуваат и најмали симптоми на настинка (температура, растечен нос, кивавица, кашлица…) Распоредот ми е флексибилен и сигурно ќе најдеме простор за вас кога ќе се чувствувате подобро. Имајте на ум дека кога бебенцата се настинати потешко им е да се смират и прилагодат на нова средина и луѓе, лесно се вознемируваат а тоа влијае на фотографиите па во ваш интерес е да ја презакажеме сесијата.
Кога ќе пристигнете во студио чевлите се соблекуваат на влез, а во студиото има папучи кои можете да ги користите.
Средства за дезинфекција има поставено на неколку места во студиото, веднаш по влегувањето од вас ќе биде побарано да ги измиете и дезинфицирате рацете.
No Comments