3. ГЕнералка на фотографии
Ако сте како мене, тогаш најголем предизвик ви е бришење на фотографии. Но ова е многу важен чекор. Јас ова не би можела да го правам рачно, немам толку трпение. Затоа тука софтверите ми се главен сојузник. Но познавам луѓе кои ова го прават рачно.
Најпрво избришете ги сите дупликати и матни, промашени фотографии. Ако користите апликации можете да си го олесните животот со опциите на рангирање, тагови и преименување на фотографии. АМИН за тоа! Ова тројство е многу важно за да можете за само неколку секунди да ги најдете посакуваните фотографии. Јас секогаш најважните фотографии ги обележувам со 5 ѕвездички и зелена боја, оние кои се ОК но недоволно добри добиваат помала оценка и немаат боја.
Ако сте хард кор олд скулер, симнувам капа, тогаш може да додадете уште фолдер два на крајот од системот и да го именувате „ок “, „екстра“, важно е вие да знаете што сакате да кажете и таму да ги ставите сите недоволно добри фотографии. Оставајќи ги во главниот фолдер најдобрите, најважните фотографии. Оние кои МОРА да ги зачувате по секоја цена.
No Comments