Роденденски фотосесии

што да очекувате?

Родендеднската  фотосесија е едночасовна фотосесија со тематски дизајниран сет и мала шлаг тортичка со која бебушко си игра, се шлапка, прославувајќи го големиот момент кога од бебенце станува дете. Темата ја договараме заеднички според вашите желби. На почетокот од сликањето одвојувам дел за семејните фотографии, пред бебуш да ја открие тортата. Потоа го фотографираме како истражува и си игра, па ако сакате можете да му се придружите на забавата.

 

Закажувањето на фотосесиите се прави најмалку три до четири недели однапред, за да имаме време да се подготвиме. Доколку планирате фотографиите од роденденската фотосесијата да ви бидат готови за роденденската прослава тогаш терминот на фотосесија го договараме две до три недели пред роденденот, за да бидеме сигурни дека се ќе биде направено и испорачано навреме.

 

На секоја фотосесија се добредојдени да се вклучат родителите и другите дечиња. Добро е кога ќе планирате што да облечете за вашата фотосесија, да одберете парчиња кои ќе се спојат убаво. За понежни фотографии добро е да одберете посветла палета, а ако сакате подраматични фотографии тогаш одберете потемни тонови. Избегнувајте да бидете облечени во иста боја или, пак, да има пресилен контраст.

 

Сите останати детали околу вашата фотосесија со задоволство ќе ви ги објаснам кога ќе ме контактирате за да ја закажете вашата фотосесија.

вложете во семејните спомени

Одберете пакет кој најмногу ви одговара

.10 Пакет

времетраење до 1 час

мини шлаг торта

6 балони со хелиум

1 роденденски сет

15 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија

.11 Пакет

времетраење до 2 часа

мини шлаг торта

1 роденденски + 1 тематски сет

20 дигитални фотографии со висока резолуција

обработени во боја + црно-бела верзија

печатен Мини фотобук

Подготвени сте да договориме термин за вашата фотосесија?