Доаѓањето на нов член во семејството е прекрасен почеток, па подгответе ги вашиот апарат или мобилен телефон за да ги фотографирате сите прекрасни, спонтани моменти. Фотографиите ќе ви бидат драгоцен потсетник на првите заеднички месеци, создавајќи безвремен спомен за генарациите кои следат.
Колку и да ми недостигаат малите бебуши во студио, сакав да ве потсетам дека зачувувањето на првите спомени со бебушко се непроценливи, без разлика дали тоа ќе го направите вие дома.
Навраќајќи се наназад, повеќето фотографии кои ги имам направено од синко кога беше бебе, се направени со мобилен телефон. Неговите игри, нередите кои ги “средува“ со најмили погледи и секојдневното лудило кое што никогаш не сакам да го заборавам.
No Comments