Tanja John

за
Тања Џон

2014 е годината кога одлучив сериозно да се занимавам со семејна фотографија, со фокус на трудници и новороденчиња. Една година подоцна го отворив моето студио Маруди и така почна мојата омилена приказна.

Не толку долго потоа, станав сопруга и мајка. Новите улоги ми беа баш она парче од сложувалката кое недостигаше. Во целост ја разбрав емоцијата со која доаѓаат родителите во моето студио и ми ги доверуваат нивните најскапоцени спомени.

Затоа, моето студио е топло место каде ги зачувуваме вашите семејни спомени: слатките моменти кога бебушко срамежливо мртка во мешето на мама, совршено смирените сонливи погледи на малото новороденче со виснати обравчиња и натртлени газиња. Возбудливите успеси на бебушко кога почнува самостојно да седи или да ги прави несигурните забрзани чекорчиња, родендеските лудории со шлаг тортичка и најсилните емоции кои целото семејство ги има во таквите мигови.

Студио Маруди постои за сите мали симпатични нешта што го прават вашето семејство посебно и единствено да ги зачуваме за вас, вашето дете и за генерациите кои следат. Сето тоа стилизирано и смислено до најситните детали, онака како што вам ви се допаѓа.

tanja-john