Трудничките фотосесии во Студио Маруди се едноставни и класични. Стилот на фотографиите секогаш го следи вашиот, па заедно ќе договориме што е најсоодветно за вас и вашето семејство.
На секоја фотосесија е добредојден партнерот и ако имате други дечиња, и тие можат да бидат дел од трудничката фотосесија. Добро е кога ќе планирате што да облечете, да одберете парчиња кои го одразуваат вашиот личен стил, но, имајте на ум дека овие фотографии ќе останат засекогаш во вашиот семеен албум, па добро е при изборот да одбирате парчиња кои ќе го издржат тестот на времето.
За понежни фотографии добро е да одберете посветла палета, а ако сакате подраматични фотографии тогаш одберете потемни тонови. Избегнувајте да бидете облечени во иста боја.
Во студиото има мал избор на облека за трудници, па затоа пред секоја сесија се договараме што ќе се користи, за да бидеме сигурни дека на крајот ќе имаме фотографии во кои ќе се вљубите.
Сите останати детали околу вашата фотосесија со задоволство ќе ви ги објаснам кога ќе ме контактирате за да ја закажете вашата фотосесија.