
Здраво,
јас сум
Тања Џон
Вашиот семеен фотограф
Повеќе од пет години правам семејни портети, со главен фокус на трудници и новороденчиња. Кога фотографирам уживам во секоја секунда креирајќи безвременски спомени, кои знам дека ќе будат силни емоции и секогаш, ќе бидат потсетник за едно од најсреќните времиња за вашето семејство. Тоа за мене е бесценето.

Мојата цел е да ја зачувам љубовта, топлината и нежноста на вашето семејство преку фотографија.
Моментите на внимание, деталите, искрените насмевки, сите мали симпатични нешта што го прават вашето семејство посебно и единствено се токму она што јас ќе го зачувам за вас.
На крајот од фотосесијата ќе го збогатите вашиот семеен албум со спомен за вас, вашите деца и за генерациите кои доаѓаат.
Сето тоа стилизирано и смислено до најситните детали, онака како што вам ви се допаѓа.
